Актуелниот првак Шкендија убедливо го совлада Шкупи на домашен терен со 5-1, а Беласица освои бод против Вардар во Маџари, 1-1.
Омар Имери постигна хет – трик, а Арменд Алими прекрасен гол од далечина, а во листата на стрелците се запиша и Агим Ибраими. Почесниот гол за Шкупи го постигна Мухарем Бајрами во 85.минута.
Вардар ремизираше против Беласица (1-1). Струмичкиот тим поведе против Вардар со 0-1, со голот на Георгиев во 36.минута. Но, „црвено-црните“ израмнија со погодокот на Реис Жуниор во 80.минута.
Академија Пандев го совлада Работнички со 3-1. Сашко Пандев искористи голема грешка на гостинската одбрана во 33.минута и го отвори резултатот. Во второто полувреме, Љупчо Дориев го реализираше пеналот за кој самиот се избори во 63.минута, а Оливер Пеев намали на 2-1 во 76.минута. На крајот, Кристиојан Стојковски постигна трет погодок за Академија Пандев.
Македонија ЃП ја совлада Ренова со 3-1. Дејан Тантуровски донесе предност од 2-0, со головите во 10. и во 12.минута. Бурхан Мустафов во 35.минута го намали резултатот, но Робсон да Силва во 54.минута го постави конечниот епилог.
Марко Рајковиќ донесе триумф за Силекс на гости против Победа (0-1). Тој во 16.минута ја затресе мрежата на прилепскиот состав.
ПРВА ЛИГА, 31.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 5-1
ВАРДАР – БЕЛАСИЦА 1-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА 3-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 3-1
ПОБЕДА – СИЛЕКС 0-1
Табела: Шкендија 69, Вардар 58, Академија Пандев 50 (-1), Шкупи 42, Ренова 39, Работнички 39, Македонија ЃП 38, Силекс 34, Беласица 31, Победа 23 (-1).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski