Connect with us

Евертон му пресуди на Ливерпул во шампионската трка (ВИДЕО)

Ливерпул потклекна на „Гудисон парк“, загуби со 2-0 од градскиот ривал Евертон и тоа веројатно е крај на надежите за освојување на шампионската титула оваа сезона. Јирген Клоп ќе си замине без посакуваниот трофеј од кормилото откако „црвените“ беа очајни вечерва против Евертон.

Џеред Брантвајт во 27.минута успеа да го надмудри Алисон и донесе водство за Евертон. По ова, Дарвин Нуњез и Луис Дијаз имаа одлични шанси, но Џордан Пикфорд беше одличен на голот на домаќинот.

На почетокот на второто полувреме Доминик Калверт-Луин постигна втор гол во 58.минута и беше јасно дека паѓаат во вода надежите на Ливерпул.

Манчестер јунајтед со пресврт го совлада (4-2) Шефилд Јунајтед на „Олд Трафорд“. Кристал Палас славеше со 2-0 против Њукасл, а Борнмут на гости го победи Вулверхемптон со 0-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови