Connect with us

Милик го одведе Јувентус во финалето на Купот на Италија (ВИДЕО)

Јувентус е првиот финалист во Купот на Италија, откако вечерва на „Олимпико“ загуби со 2-1 од Лацио во реванш полуфиналниот дуел. Сепак, „старата дама“ имаше предност од 0-2 по првиот натпревар во Торино.

Лацио успеа да ја анулира негативата од првиот меч со двата гола на Тати Кастањос постигнати во 12. и 49. минута.

Сепак, во финишот, Аркадиуш Милик погоди за 2-1 во 83.минута и го трасираше патот на Јуве кон финалето.

Во вториот полуфинален натпревар од Купот на Италија утревечер играат Аталанта и Фиорентина. „Виолетовите“ имаат предност од 1-0 по првиот меч.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови