Две второлигашки пресметки од второлигашката понуда во текот на денешниот ден. Но, можеби и највозбудливите. Лидерот на Истокот, тимот на Брегалница, гостува во Виница и ќе се обиде да триумфира против Слога за да ја задржи и зголеми предноста на врвот во однос на Тиквеш.
Тимот на Марјан Секуловски сака да им се врати на победите по ремито против Каменица Саса во минатото коло. За среќа на штипјани, тогаш „киксна“ и Тиквеш.
Скопје е неприкосновен на Западот, но Кадино игра одлично под раководство на новиот тренер Никола Карчев. Домашните фудбалери ќе бидат максимално мотивирани да покажат што знаат против лидерот на денешниот дуел.
Составот на Љупчо Марковски секако треба да е подготвен за надигрување и за докажување дека е „печен“ за пласман во елитата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













