Connect with us

Челси сака да го купи Џеред Боувен

Челси е заинтересиран за потписот на крилниот напаѓач на Вест Хем, Џеред Боувен. На „Стемфорд Бриџ“ сакаат да го засилат нападот со англискиот репрезентативец.


27-годишниот играч има уште една одлична сезона во дресот на „чеканите“. Тој има 15 гола на 31 натпревар во Премиер – лигата. Сепак, проблем со евентуален трансфер може да биде фактот што играчот неодамна потпиша нов договор до 2030 година и нема притисок од Вест Хем да го продаде. Само бомбастична понуда може да им го промени мислењето.

Сепак, Челси во последните неколку преодни рокови покажа дека не се плаши да плаќа огромни суми за нови играчи, па не би било изненадување доколку на лето го одврзе ќесето и за Боувен.

Фудбалерот може уште повеќе да си ја подигне цената доколку на претстојното Европско првенство на лето настапи на високо ниво со репрезентацијата на Англија. Тој е важен дел од плановите на Герет Саутгејт и сигурно ќе биде во групата играчи кои ќе патуваат во Германија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови