Connect with us

Ливерпул го договори заменикот на Јирген Клоп: Тренерот на Феенорд ќе командува на „Енфилд“

Ливерпул ги заврши преговорите со тренерот на Феенорд, Арне Слот. Тој ќе ја преземе клупата откако Јирген Клоп ќе ги напушти „црвените“ по крајот на сезоната. Ливерпул ќе му плати на Феенорд отштета од 13 до 15 милиони евра.


„Слот веќе имаше директен контакт со Ливерпул како потенцијален кандидат за замена на Клоп. Договорена е уште една средба, а тој е еден од главните кандидати. Рубен Аморим од Спортинг Лисабон не е во преговори”, открија пред неколку дена медиумите на Островот.

Сега преговорите се отидени многу подалеку, Ливерпул и Арне Слот имаат договор, останува двата клуба да ја договорат висината на отштетата.

Арне Слот во својата кариера го водеше АЗ Алкмар во сезоната 2019/2020, а од 2021 година е тренер на Феенорд. Со клубот од Ротердам минатата сезона ја освои шампионската титула, играше во финалето на Конференциската лига против Рома, а сезонава го освои и Купот на Холандија.

Во својата кариера играше за Цволе, НАЦ Бреда и за Спарта Ротердам. Важи за еден од најталентираните млади тренери во Европа. Феенорд го водеше во 146 натпревари. Има 94 победи, 29 нерешени и 23 порази.

Висината на отштетата што ќе му биде исплатена на Феенорд ќе го направи Арне Слот најскапиот холандски тренер досега, а тамошните медиуми пишуваат дека клубот од Ротердам ја одбил првичната понуда од 9 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови