Connect with us

Баерн Минхен следното лето тргнува по Флоријан Вирц

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, ќе биде главната трансфер цел на Баерн Минхен во летото 2025 година. 20-годишниот офанзивен играч за врска сака да остане уште една сезона со „аспирините“, а потоа да го направи следниот чекор во кариерата.


Интерес за германскиот репрезентативец има од неколку врвни клубови, но се верува дека Баерн има добри шанси да го ангажира сѐ додека можат да си ја дозволат сумата за трансфер.

Фудбалерот и неговото семејство ја гледаат „Алијанц арена“ како „среден чекор“ во неговата кариера пред да направи трансфер во странство.

Договорот на Флоријан Вирц со Баер е до летото 2027 година, а се верува дека трансферот за негово привлекување ќе биде над 100 милиони евра.

Баерн Минхен летово ќе се обиде да ангажира уште еден играч на Баер Леверкузен, дефанзивецот Џонатан Тах. Сепак, и актуелниот клуб му понуди нов договор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови