Connect with us

„Граѓаните“ убедливи на гости кај Брајтон (ВИДЕО)

Манчестер Сити направи голем чекор напред кон освојување на шампионската титула во Премиер-лигата откако лесно го мина можеби најтешкото гостување до крајот на сезоната. „Граѓаните“ славеа со 0-4 против Брајтон и се искачија на втората позиција на табелата со 76 бода, еден помалку од лидерот Арсенал кој има одиграно и еден натпревар повеќе.

Кевин де Бруин постигна фантастичен гол со глава по центаршутот на Кајл Вокер за водство на Манчестер Сити во 17. минута. Фил Фоден од слободен удар зголеми на 0-2 во 26.минута, а осум минути подоцна искористи и грешка во одбраната на Брајтон за трет погодок во нивната мрежа.

Хулијан Алварез го постави конечниот епилог во 62.минута од дуелот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови