Connect with us

Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и ПСЖ во трка за Андриј Лунин

Голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин, привлекува сѐ посериозен интерес од некои од најголемите европски клубови. Одличните игри на Украинецот во отсуство на Тибо Куртоа го привлекоа вниманието на Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и на Баерн Минхен. 25-годишниот голман е под договор до 2025 година, што го прави уште поатрактивен.


„Има еден играч во Реал чиј договор истекува следната година и клубот сака да го задржи. Сепак, тој попрво размислува да замине на лето или следната година како слободен играч ако не е стартер на „Бернабеу“. Три понуди за него, првата е од ПСЖ, но таму го имаат Донарума, втората е од Манчестер Јунајтед, а третата е од Баерн. Тој е добар голман и тоа веќе го покажа“, сподели шпанскиот весник „Марка“.

Лунин сака да игра редовно, па тешко дека би ја прифатил понудата на ПСЖ, а во голема мера тоа важи и за Манчестер Јунајтед каде ќе има сериозна конкуренција во Андре Онана. Така, најверојатна дестинација е Баерн Минхен, каде иднината на 38-годишниот Мануел Нојер е прилично нејасна, а неговите резерви Даниел Перец и Свен Улрих не се сметаат за соодветни за негови наследници. Значи, Лунин е тој што може да влезе во оваа улога.

Украинецот во оваа сезона има 28 натпревари во сите натпреварувања, на кои има примено 25 гола, а на 12 меча забележа „чиста мрежа“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови