Connect with us

Лирој Сане пред трансфер во Барселона?

Барселона поради тешката финансиска состојба летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе силни имиња од други клубови. Еден од споменатите во шпанските медиуми е Лирој Сане.


Барселона веќе стапила во контакт со Баерн за да дознае какви барања би имал германскиот клуб за нивниот 28-годишен крилен напаѓач.

Сане е под договор со Баерн Минхен и за следната сезона, а неговата вредност е проценета на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.

Лирој Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити. Во англискиот клуб освои две првенствени титули и осум трофеи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови