Connect with us

Втора лига: Пелистер на гости кај лидерот Беса, Детонит на мегдан во Новаци

Големото дерби меѓу Беса и Плеистер е во фокусот на 26.коло од Втората фудбалска лига. Беса е лидер на табелата и има шест бода предност во однос на второпласираниот Пелистер, а со евентуален денешен триумф и дефинитивно ќе потврди дека е најдобар тим во второлигашкото друштво. „Пелистерци“ пак се надеваат дека со успех на ова гостување до крајот на шампионатот можат да конкурираат и за првата позиција.

Детонит Плачковица го очекува гостување во Новаци, додека интересно ќе биде и во Прилеп каде ќе се сретнат Победа и Вардар Неготино.

Башкими е домаќин на ФК Скопје, а Тетекс ќе го пречека Арсими. Охрид Лихнидос ќе ја нагости Каменица Саса, а Беласица ќе игра против Кожуф. Осогово во ова коло е домаќин на Караорман.

Натпреварите од 26.коло во Втората лига се закажани со почеток во 16 часот.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови