Connect with us

Лестер експресно се врати во Премиер – лигата

Фудбалерите на Лестер му го вратија премиерлигашкиот статус на клубот.


По натпреварот од 45. коло на Чемпионшип, во кој Квинс Парк Ренџерс убедливо со 4-0 го совлада Лидс, „лисиците“ и математички го обезбедија враќањето во елитата по само една сезона.


Лестер води на табелата со 94 бода, четири повеќе од второпласираниот Лидс кој има натпревар помалку и пет бода повеќе од третопласираниот Ипсвич со натпревар помалку, што значи дека шампионите од 2016 година сигурно ќе завршат на една од првите два позиции и ќе се пласираат во Премиер-лигата.


Најзаслужен за враќањето на Лестер во елитата е легендарниот напаѓач Џејми Варди, кој е најдобар стрелец на тимот со 16 голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови