Connect with us

Интер со втора ѕвездичка на логото…Меракот е поголем кога шампањот се отворa против Милан (ВИДЕО)

Интер е нов шампион на Италија. Тимот на Симоне Инзаги го победи градскиот ривал Милан со 1-2 во „Дерби дела мадонина“ и ја впиша втората ѕвездичка на логото, која асоцира за 20 освоени титули во Серија А.

Франческо Ачерби го доведе Интер во водство во 18.минута, а Маркус Турам на почетокот на вториот дел зголеми на 0-2. Фикајо Томори даде надеж дека Милан нема да загуби, меѓутоа „росонерите“ немаа сили да го спречат Интер да го отвори шампањот на вечерашното дерби.

Финишот донесе и нервоза, па беа покажани три црвени картони, два за фудбалерите на Милан (Тео Хернандез и Давиде Калабрија) и еден за Интер (Дензел Дамфрис).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови