Connect with us

„Чистка“ во Манчестер Јунајтед: Ерик Тен Хаг и 12 фудбалери пред заминување од „Олд Трафорд“

Техничкиот директор на Манчестер Јунајтед, Џејсон Вилкокс, кој беше назначен на крајот од минатата недела, започна целосна анализа на спортските процеси, играчкиот изглед и стилот на тимот, како и индивидуалниот настап на менаџерот Ерик тен. Хаг, како и на играчите.

Токму врз основа на овие анализи и состаноци ќе биде донесена конечната одлука за иднината на Тен Хаг на чело на Манчестер Јунајтед, како и за последовните акции поврзани со првиот тим во текот на летото. Желбата на новите косопственици е да создадат нов изглед и јасно изразен напаѓачки стил на игра, како и позитивен пристап кон самите натпревари.


Медиумите на Островот тврдат дека 12 фудбалери од сегашниот состав се под сериозна закана да го напуштат тимот поради различни причини. На врвот на оваа листа се играчи како Антони Марсијал и Рафаел Варан на кои им истекуваат договорите.

На списокот се и фудбалери како Антони, Кашемиро, Кристијан Ериксен, Виктор Линделоф, Хари Мегваер, Арон Ван-Бисака. Се очекува Софијан Амрабат да биде вратен во Фиорентина.

Изненадувачко е присуството, според повеќе англиски медиуми, на Маркус Рашфорд. Напаѓачот има многу лоша сезона и трпи многу критики за неговите настапи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови