Connect with us

Реал Мадрид без Белингам на дуелот против Реал Сосиедад

Џуд Белингам ќе го пропушти утрешниот натпревар на Реал Мадрид против Реал Сосиедад. Англискиот репрезентативец го пропушти денешниот тимски тренинг, а тренерот Карло Анчелоти откри дека ѕвездата на „кралевите“ има стомачни проблеми.

Белингем воопшто не се најде во составот за пресметката со Реал Сосиедад и ќе го пропушти натпреварот. „Кралевите“ имаат 11 бода предност пред Барселона на шест кола до крајот на сезоната и се очекува да немаат проблем да стигнат до титулата.


Џуд Белингам треба да биде достапен за првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен во вторник.

Ферлан Менди исто така не е во составот за мечот против Реал Сосиедад, но Родриго е вметнат, иако Бразилецот е болен од грип и не беше дел од денешниот тимски тренинг. Сепак, неговата состојба очигледно не е алармантна.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови