Connect with us

Се појави снимка која потврдува дека голот на Барселона е регуларен, а Лунин реагирал зад гол-линијата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Барселона со 3-2 и ја запечатија титулата во Ла Лига, но Чави Хернандез смета дека неговиот тим бил ограбен.

Имаше неколку сомнителни ситуации, но клучниот детаљ е кога Лунин ја одбрани топката зад гол-линијата по ударот на Јамал.

„Многу сум разочаран. Ако сакаме да кажеме дека ова е најдобрата лига во светот… Сите видоа како топката оди во голот. Ова е само дел од тој систем и судење за кои зборував на почетокот на сезоната. Судијата донесе погрешни одлуки на очиглед на публиката. Бевме повредени, но сите видоа што се случи, ќе ме казнат“, истакна Чави.

Она што е особено неверојатно е што на почетокот на сезоната во Ла Лига не сакаа да имплементираат гол -технологија, но затоа имаат 16 камери кои го снимаа овој натпревар. И покрај сето тоа, во оваа ситуација не беа прикажани сите агли, но снимката подоцна се појави на социјалните мрежи.

Исто така, во Каталонија веруваат дека и Лукас Васкез изнудил пенал, бидејќи Пау Кубарси застанал како Мануел Нојер неодамна на дуел со Букаја Сака.

Навивачите на Барселона реагираат дека Сото Градо е судија кој на Реал му дава најголем процент на победи (90%), поради што веднаш се појави гнев во Каталонија кога беше назначен минатата недела.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови