Connect with us

Бредли Баркола ќе добие дебитантски повик за Франција токму за Европското првенство?

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп, може да се соочи со сериозна дилема за неговиот избор за претстојното ЕП 2024 во Германија. „Петлите“ речиси сигурно нема да можат да сметаат на Кингсли Коман и Кристофер Нкунку кои се повредени.

Токму поради оваа причина селекторот размислува да го повика Бредли Баркола од Пари Сен Жермен за претстојното Европско првенство.


Крилниот напаѓач пристигна во Париз минатото лето за 45 милиони евра од Лион и импресионираше со своите досегашни игри. Тој има три гола и осум асистенции за тимот предводен од Луис Енрике.

Интересно е тоа што Баркола досега нема одиграно ниту еден натпревар за Франција и неговото евентуално вклучување на списокот во пресрет на ЕВРО 2024 ќе биде негов прв повик во националниот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови