Connect with us

Гвардиола: Де Зерби врши одлична работа во Брајтон

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го изрази своето воодушевување од колегата тренер на Брајтон, Роберто Де Зерби, пред вечерашниот натпревар од Премиер – лигата. Гвардиола рече дека неговото восхитување се зголемува секоја сезона бидејќи, и покрај многуте повреди во Брајтон, тимот секогаш се обидува да го демонстрира истиот стил на игра.


„Имаа многу проблеми и беа продадени важни играчи. Имаа многу повреди и учествуваа во три натпреварувања, но начинот на игра е секогаш ист“, коментираше шпанскиот стратег на Манчестер Сити за „Би-Би-Си“.

„Роберто врши извонредна работа во Брајтон“, додаде Пеп Гвардиола по повод тренерот на денешниот противник на „граѓаните“.

Манчестер Сити е третопласиран на моменталната табела во Премиер – лигата со 73 бода од 32 одиграни натпревари, додека лидерот Арсенал има 77 од 34 натпревари. Второпласираниот Ливерпул исто така има 74, но од 34 одиграни натпревари.

Брајтон се наоѓа на 11. позиција со 44 бодови од 32 натпревари и има мали шанси за пласман во европските клупски натпреварувања следната сезона бидејќи има шест бода помалку од седмиот Њукасл, кој има натпревар повеќе.

Ефектот на Де Зерби на чело на англискиот тим е 37 победи, 19 нерешени и 27 порази од вкупно 83 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови