Connect with us

Консеисао не сака во Милан, потпиша нов договор со Порто

Тренерот на Порто, Серџо Консеисао, му се заблагодари на Милан и избра да остане во клубот потпишувајќи нов договор – до летото 2028 година. Тој е на кормилото на клубот од 2017 година и има освоено десет трофеи, меѓу кои и три титули на Португалија.

На овој начин Консеисао ја пропушти можноста да го смени клубот. Неодамна имаше информации за интерес на Милан за него во услови на можна разделба со Стефано Пиоли на крајот од сезоната.

Пред една година Консеисао беше поврзуван со Наполи и со Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови