Connect with us

Арсенал го продава Томас Парти и на лето сака да го купи Даглас Луиз

Фудбалерите на Арсенал моментно се лидери во Премиер – лигата и имаат уште четири натпревари до крајот на сезоната. Тие го завршија настапот во Лигата на шампионите против Баерн, губејќи во четвртфиналето.

Во Лондон веќе се размислува за преоден рок. „Топчиите“ имаат намера да го продадат играчот од средниот ред Томас Парти. Наместо него, сѐ уште е актуелно доаѓањето на Даглас Луиз од Астон Вила.

Даглас Луиз игра во Вила од 2019 година кога Манчестер Сити го продаде за 16,8 милиони евра. Тој на 47 натпревари постигна 10 гола и забележа исто толку асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови