Connect with us

Анчелоти: Арда Ѓулер во иднина ќе биде клучен играч на Реал Мадрид

Турскиот талент Арда Ѓулер во следната сезона ќе го носи тимот на Реал Мадрид, категоричен е тренер на тимот Карло Анчелоти.


19-годишниот Гулер го имаше својот прв старт во Ла Лига за „кралскиот клуб“ и го постигна победничкиот гол за Реал во триумфот од 0-1 на гостувањето кај Реал Сосиедад.

Според информациите, турскиот играч за врска е незадоволен од малата минутажа што ја добива и размислува за позајмица во новата сезона, но Анчелоти го уверил дека ќе се потпира на него за новата сезона.

„Арда ќе биде многу важен играч за нас во иднина и нема сомнеж дека ќе остане тука следната година. Тој може да почне да игра порано бидејќи игра толку добро на тренинзите. Тој е многу млад, но брзо ​​учи каква е неговата улога во овој тим. Тој постигна повеќе голови отколку што играше“, изјави Анчелоти.

Арда Ѓулер оваа сезона забележа осум настапи во сите натпреварувања и постигна два гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови