Connect with us

Антонио Конте прифатил да биде нов тренер на Наполи

Антонио Конте од лето ќе биде нов тренер на Наполи, пренесуваат италијанските медиуми. Стратегот се согласил да потпише договор со клубот од Неапол за следните три години.


Според информациите, двете страни прецизирале поголем дел од деталите од договорот на менторот. „КалчоНаполи24“ пренесува дека платата на Конте ќе биде околу 6,5 милиони евра по сезона. Остануваат да се разработат конечните детали и претседателот Аурелио Де Лаурентис да даде конечно одобрување за договорот пред да биде официјално објавен.

По минатогодишната шампионска сезона, Наполи има огромен пад оваа сезона и игра далеку под очекувањата. Поради оваа причина, клубот смени и тројца тренери во текот на сезоната, Руди Гарсија, Валтер Мацари и сега Франческо Калцона, а сите тројца не успеаја да постигнат особено добри резултати.

Токму поради тоа Де Лаурентис уште еднаш го побара Конте, кој долго време му беше прв избор за нов менаџер. Последен пат тој беше на чело на Тотенхем, но се раздели со лондончани во втората половина од сезоната 2022/23.

Антонио Конте беше поврзуван и како опција да го замени Масимилијано Алегри во Јувентус, но се чини дека на крајот реши да го прифати предизвикот од стадионот „Диего Марадона“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови