Connect with us

Арсенал му нуди нов договор на Габриел

Арсенал започна разговори за продолжување на договорот со Габриел Магалјаеш. Дефанзивецот е врзан за клубот до 2027 година, но лондончани сакаат да му понудат нов договор по неговата силна сезона.


„Топчиите“ минатото лето потпишаа нов договор со неговиот одбранбен партнер Вилијам Салиба и се надеваат дека истото ќе се случи и со Бразилецот во наредните месеци.

Габриел Магалјаеш стана еден од лидерите на Арсенал, а лондончани ја имаат најдобрата одбрана во Премиер – лигата со 26 примени гола. Тие се лидери во поредокот, но Манчестер Сити има еден одигран натпревар помалку и може да ги престигне.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови