Во „Куќа на фудбалот“ денеска беа доделени првите УЕФА Ц дипломи издадени од Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија.
Дипломите беа доделени на речиси 50 тренери кои присуствуваа на доделувањето од вкупно 85 кои заклучно со денешниот ден во целост ги исполнија зададените задачи и обврски од Ценатарот за едукација, со што истите веќе се носители на УЕФА Ц диплома.
Дипломите беа доделени од страна на генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, директорот на Центарот за едукација, Небојша Марковски и едукаторите од Центарот за едукација.
Сите носители се дел од првата генерација на тренери – кандидати за добивање на УЕФА Ц диплома кои присуствуваа на еден од трите курсеви организирани во период мај / јуни годинава каде присуствуваа 108 кандидати, меѓу нив четири девојки во целост поддржани од УЕФА и ФФМ.
Заклучно, пак со крајот на 2022, а во период октомври / ноември, Центарот за едукација при ФФМ организираше уште два курсеви за добивање на УЕФА Ц при кои на ова ниво беа едуцирани уште 52 кандидати меѓу кои и седум жени – тренери, сите дел од втората генерација.
ФФМ на сите носители кои ги добија своите дипломи им посакува успех во работата, понатамошна стручна надградба и усовршувања, а со тоа и нивен придонес за развој на македонскиот фудбал.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski