Connect with us

Сѐ е договорено: Ралф Рангник е новиот тренер на Баерн Минхен

Баерн Минхен наскоро ќе има нов тренер. Тоа ќе биде искусниот 65-годишен експерт Ралф Рангник.

Искусниот стручњак Ралф Рангник ќе ја заврши својата богата тренерска кариера на клупата на Баерн Минхен. Тој ќе го преземе раководството на баварскиот гигант по Европското првенство и се договараат последните детали од договорот.

Германскиот „Билд“ наведува дека Рангник е договорен со Баерн и дека наскоро сѐ ќе биде официјализирано.

„Разговорите помеѓу Баерн и Ралф Рангник се во завршна фаза. Сите во клубот се договорени дека тој ќе го преземе клубот. Закажан е уште еден состанок за да се финализираат сите детали”, пренесува „Билд“.
„Рангник не е планиран како привремено решение за една сезона, но нема да биде тоа доолгорочен договор. Тоа ќе биде соработка до 2026 или 2027 година. Баерн не верува дека ќе има проблеми со Фудбалската федерација на Австрија, клубот ќе плати отштета од околу 3 милиони евра“, објави „Билд“.

Ралф Рангник во својата кариера раководеше со голем број клубови. На големата сцена дојде во 1999 година како тренер на Штутгарт, а потоа раководеше со Хановер, Шалке, Хофенхајм, Лајпциг и со Манчестер Јунајтед.

Тој остана запаметен како човекот кој го донесе Хофенхајм во друштвото на најдобрите германски клубови, каде што сѐ уште играат 16 години подоцна.

По заминувањето од „Олд Трафорд“, каде што беше привремено тренерско решение, ја презеде репрезентацијата на Австрија и забележа многу добри резултати.

Во 21 меч во кои ја предводеше оваа селекција имаше ефект од 13 победи, три нерешени и пет порази.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови