Connect with us

Халанд ќе се врати во составот на Сити за дуелот со Нотингем Форест

Манчестер Сити најверојатно ќе може да се потпре на својот голгетер Ерлинг Халанд за неделниот натпревар од Премиер лигата против Нотингем Форест, навести менаџерот Пеп Гвардиола по синоќешната победа од 4-0 над Брајтон. Напаѓачот, кој е најдобар стрелец во Премиер-лигата оваа сезона заедно со Кол Палмер од Челси со по 20 гола, го пропушти и натпреварот во четвртокот и победата во полуфиналето на ФА Купот против Челси поради повреда на мускулот.


„Се разбира дека опцијата да го имам Ерлинг на располагање е неспоредлива. Разговарав со него и тој рече дека се чувствува подобро“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити заостанува еден бод зад лидерот Арсенал по победата против Брајтон, но има еден одигран натпревар помалку од „топчиите“.

„Граѓаните“ сакаат да ја освојат историската четврта последовна титула во Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови