Connect with us

Ива Пројковска ќе суди полуфинале во ЛШ на „Паркот на принцовите“

Најдобрата македонска судијка Ива Пројковска има голема чест да го суди полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите во женска конкуренција меѓу ПСЖ и Лион. Реваншот ќе се игра на 28. април на „Паркот на принцовите“, а во првиот меч ПСЖ победи со 3-2.


На Ива Пројковска ќе и помагаат Вјолца Изеири и Сташа Спур. Четврти судија ќе биде Јелена Цветковиќ од Србија.

Ова е големо признание за квалитетите на најдобрата македонска судијка, која во блиска иднина би можела да очекува да биде делегирана и во едно големо финале.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови