Вардар во третото пролетно коло стогна до првиот триумф. „Црвено-црните“ славеа против Македонија ЃП со 3-1. Најдовски и Ибиши стрелаа во првиот дел, Стјепановиќ со мајсторија намали на 2-1, а Фелипе беше стрелец на третиот погодок за вардарци.
Шкендија ја совлада Беласица со 3-0, а сите три гола беа постигнати во второто полувреме. Изаир Емини отвори во 54.минута, потоа Агим Ибраими со својот првенец од слободен удар зголеми на 2-0 во 83.минута, а во завршницата Марио Маслаќ си постигна автогол.
Шкупи освои три бода на гости кај Академија Пандев со триумфот од 0-2. Филип Трајановски во 46.минута си постигна автогол, а потоа Виктор Ангелов постигна втор погодок за Шкупи во 78.минута од мечот.
Натпреварот меѓу Победа и Работнички почна со дваесетминутно задоцнување поради возилото за итна помош. „Романтичарите“ победија со 0-1, со голот на Владимир Димитровски. Тој со удар со глава ја смести топката во голот по корнерот од десната страна.
Силекс и Ренова во Кратово одиграа 0-0.
ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1
ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА 3-0
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 0-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ 0-2
СИЛЕКС – РЕНОВА 0-0
Табела: Шкендија 47, Вардар 38, Академија Пандев 36, Работнички 31, Шкупи 30, Ренова 26, Македонија ЃП 22, Силекс 21, Победа 18, Беласица 18.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski