Connect with us

Миовски: Наградата за фудбалер на годината ми потврдува дека сѐ што правам за Абердин овде се почитува

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го доби признанието за фудбалер на годината на Абердин.


„Благодарност до сите наши фанови и до сите кои гласаа за мене. Ми покажавте колку многу ви значи тоа што го правам на теренот. Овие награди ми докажаа дека сѐ што сум направил со срце за Абердин е почитувано. Јас ќе продолжам да правам сѐ“, истакна Миовски.

Бојан Миовски оваа сезона постигна 24 гола во дресот на Абердин во сите натпреварувања, а се најде и во тимот на сезоната во Премиер-лигата на Шкотска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови