Connect with us

Нагелсман: Не чувствувам дека сум го изневерил Баерн, тие мене ме отпуштија, а јас не се одмаздувам

Селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, е категоричен дека неговата одлука да остане на чело на Бундес-тимот, а да не се врати на „Алијанц арена“, нема никаква врска со неговото отпуштање пред една година. Покрај тоа, тој сподели дека имал понуди и од други клубови. На крајот, 36-годишниот стратег се обврза да биде селектор на германскиот национален тим до крајот на Светското првенство во 2026 година.


Нагелсман ја прокоментира и изјавата на новиот директор на Баерн, Макс Еберл, дека не ја прифатил понудата на клубот поради „боцкањето“ минатата сезона.

„Не, кога станав тренер на Баерн Минхен ми беше јасно дека во одреден момент ќе ме отпуштат. Тоа треба да се има на ум. Нормално е кога некој е отпуштен да сака да тргне по друг пат. Нема болно „боцкање“ , само мојата одлука беше во корист на Германската фудбалска федерација (ДФБ). Не чувствувам никакво „боцкање“ на телото. Руди Фелер е мој голем поддржувач. Се бореше за мене и често ми се јавуваше. Секако, тој е и човек со големо искуство кој е како татковска фигура за целиот стручен штаб“, изјави селекторот на Германија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови