Connect with us

Чави сака да го купи Пепелу од Валенсија

Чави Хернандез реши да ја промени својата одлука и ќе остане во Барселона и следната сезона. Тоа го разрешил со претседателот Жоан Лапорта во разговор во четири очи за „три минути“, но сега доаѓа потешкиот дел од работата.


Стратегот на Барса сака да му бидат доведени неколку засилувања за тимот да биде конкурентен на сите фронтови. Бернардо Силва од Манчестер Сити е првата желба на Чави, но има уште неколку фудбалери кои сака да ги види на стадионот „Камп Ноу“.

Како што објави „Фичајес“, желбата на 44-годишниот тренер е Пепелу. Станува збор за 25-годишен играч од средниот ред кој има одлична сезона во Валенсија.

Во декември 2023 година, по натпреварот против Валенсија, Чави го пофали Пепелу во микс зоната по натпреварот. Пепелу не му остана должен и му се заблагодари за комплиментите.

Уште тогаш беше очигледно дека Пепелу му падна во очи на Чави, а сега приказната се засили и не треба да чуди ако го видиме Пепелу во дресот на Барселона од следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови