Connect with us

Кол Палмер се враќа во тимот на Челси за дуелот со Астон Вила

Голгетерот на Челси, Кол Палмер, кој поради болест го пропушти поразот од Арсенал од 5-0, сега се опорави и ќе му биде на располагање на Маурисио Покетино за утрешното гостување кај Астон Вила. Сепак, Рис Џејмс и Леви Колвил се уште не се подготвени, иако се блиску до враќање.


„Кол добро тренира последните неколку дена. Очекуваме дека ќе биде подготвен за утре и ќе биде дел од составот. Рис Џејмс и Леви Колвил сè уште не се достапни, иако се блиску. Кол Палмер е многу добар играч и е клучен за нас. Се виде дека ни е малку тешко без него. Тоа е реалноста и не можеме да ја сокриеме“, изјави Покетино.

„По разочарувањето од Манчестер Сити, немавме време за опоравување, а наидовме на екипа која се бори за титулата во Премиер – лигата и примивме гол во четвртата минута. Во однос на околностите, сѐ беше негативно за нас и затоа настрадавме“, истакна стратегот на Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови