Connect with us

Тотенхем сака да го „украде“ договореното засилување на Интер

Тотенхем го насочи фокусот кон дефанзивецот на Торино, Алесандро Бонџорно, за нивниот летен шопинг. 24-годишниот фудбалер се претстави одлично во текот на актуелната сезона, стигнувајќи до италијанската репрезентација. Ова го привлече вниманието на Тотенхем, кој е подготвен да даде понуда за него на лето, пишува „Калчомеркато“.

Тотенхем често бараше нови засилувања во Серија А во последниве години, откако веќе прими голем број играчи од таму како што се Дестини Удоџи, Гилјемо Викарио, Раду Драгушин, Дејан Кулушевски, Кристијан Ромеро и Родриго Бентанкур. Сега клубот повторно гледа кон Апенините, а на нишан им е Бонџорно.
Лондончани веќе стапиле во контакт со Торино за да ја испитаат можноста за можен трансфер на дефанзивецот. Двата клуба дури веќе разговарале и за цената на играчот која е 35 милиони евра.

Сепак, Тотенхем не е единствениот клуб заинтересиран за Бонџорно, кого уште зимата го бараше и Наполи, но нивната понуда вредна 25 милиони и Лео Остигор беше одбиена.


Италијанските медуми тврдат дека тој е веќе договорен за трансфер во новиот шампион Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови