Connect with us

Најдобрата фудбалерка на сите времиња става крај на кариерата

Марта, најдобриот стрелец во Бразил на сите времиња во машкиот и во женскиот фудбал, одлучи да се пензионира оваа година. Марта, која игра во САД за Орландо Прајд од 2017 година, се надева дека ќе го има шестиот настап на Олимписките Игри во Париз оваа година.

Тоа ќе биде крај на кариерата која многумина ја сметаат за најголема во историјата на женскиот фудбал.


„Ако одам на Олимпијада, ќе уживам во секој момент бидејќи, без разлика дали одам на Олимпијада или не, ова ми е последна година со националниот тим“, рече 38-годишната Марта во интервју за „Си-Ен-Ен“.

„Нема да ја има повеќе Марта во репрезентацијата како спортистка од 2025 година. Многу сум мирна поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта постигна 116 гола за Бразил на 175 натпревари, најмногу од сите играчи кои некогаш играле за националниот тим.

Таа е и најдобар стрелец на Светското првенство за фудбалерки со 17 голови. Таа освои три титули на Копа Америка Феменина и беше дел од бразилската репрезентација која освои сребрени медали на Олимписките игри во 2004 и во 2008 година.

Марта ја започна својата клупска кариера во клубот Васко де Гама, а играше во шведските клубови Умеа ИК, Тајресо ФФ и Розенгард. Во САД играше и за Лос Анџелес Соул, Вестерн Њујорк Флеш и Орландо Голд Прајд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови