Connect with us

Златан Ибрахимовиќ има свој фаворит за тренер на Милан

Од оваа сезона Златан Ибрахимовиќ (42) е спортски советник во Милано. Легендарниот шведски напаѓач учествува во обликувањето на спортската политика на клубот, а наскоро „росонерите“ ќе го решат прашањето за првиот тренер. Стефано Пиоли го напушта клубот на крајот на сезоната по пет години и едно освоено „скудето“.


Италијанските медиуми пишуваат дека Златан се залага за доаѓање на Марко ван Бомел (47) за тренер на Милан. Поранешниот холандски играч за врска го предводи белгискиот клуб Антверпен. Ибрахимовиќ и Ван Бомел играа заедно за Милан од јануари 2011 до јуни 2022 година и наводно веќе е воспоставен контакт.

Ван Бомел во кариерата самостојно ги водеше ПСВ Ајндховен и Волфсбург, а работеше како асистент во репрезентацијата на Австралија и на Саудиска Арабија. Во својата кариера настапуваше за Фортуна Ситард, ПСВ, Барселона, Баерн и Милан, а играчката кариера ја заврши пред 11 години како играч на ПСВ Ајндховен.

Раководството на Милан размислува за уште неколку кандидати. Според „Газета дело Спорт“, првите двајца фаворити се Пауло Фонсека и Хулен Лопетеги.

Фонсека е 51-годишен Португалец и моментално раководи со Лил, а две години работеше во Италија како тренер на Рома. Лопетеги (57) оваа сезона е без работа откако се раздели со Вулверхемптон, додека е најпознат по тоа што раководеше со Шпанија и со Реал Мадрид.

Како резервни опции се наведени Кристоф Галтие, поранешниот тренер на ПСЖ, кој сега го води катарскиот Ал Духаил, и Марсело Галјардо, долгогодишниот тренер на Ривер Плата, кој моментално го тренира саудискиот Ал-Итихад.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови