Connect with us

Украинците се мајстори за пресврт, го прескокнаа Исланд и се пласираа на ЕВРО 2024 (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Украина е претпоследниот патник на Европското првенство во Германија. Со пресврт направен во второто полувреме, Украинците го совладаа Исланд со 2-1 и обезбедија учество на ЕВРО 2024.

Исланѓаните имаа предност по првиот дел со голот на Алберт Гудмундсон во 30.минута. Сепак, Украина заигра многу подобро во второто полувреме и постигна два гола.

Виктор Циганков во 54.минута го израмни резултатот по еден соло пробив и прецизен удар од 20 метри, а голот за пласман на Европското првенство беше дело на Михаило Мудрик во 84.минута од дуелот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови