Connect with us

Центарот за едукација организираше шест семинари за тренери и стекнување на УЕФА лиценци

Центарот за едукација во рамки на Фудбалската федерација на Македонија во периодот ноември / декември 2022. година, организираше шест семинари на три различни нивоа за УЕФА фудбалска едукација и стекнување на лиценци.

Беа организирани семинари на кандидати за добивање УЕФА Ц лиценца – две групи со присуство на вкупно 52 кандидати кои покажаа високо ниво на интерес и активно се вклучија во наставата. 

За добивање УЕФА Б лиценца беа, исто така, организирани два курса и во рамките на двете групи присуствуваа вкупно 47 кандидати, сите носители на УЕФА Ц  Диплома и дел од првата генерација на кандидати кои успешно ги комплетираа своите обврски. Беа испорачани и два модули во рамките на 15-та генерација на тренери за добивање УЕФА А диплома во присуство на 23 кандидати кои како и другите, покажаа посветеност и целосно се вклучија во наставата и исполнувањето на зададените задачи.

За одбележување, а на наше големо задоволство, е дека во рамките на споменатите семинари имавме присуство на десет жени тренери од кои седум кандидатки за здобивање на основната УЕФА Ц диплома, а школувањето на сите нив е во целост поддржано од УЕФА и ФФМ. Воедно, по подолго време, Центарот за едукација при ФФМ оформи група и за кандидати за здобивање со УЕФА А голманска лиценца за кое ниво се пријавија 16 кандидати и каде почетокот на наставата и првиот модул ќе се одржат во февруари 2023.

Сите предвидени програмски содржни за секое едукативно ниво беа испорачани од страна едукаторите од Центарот за едукација и надворешни соработници, предавачи кои ја реализираа наставата во целост:

Проф. Др. Небојша Марковски, Директор на ЦЕ

Проф. Др. Вујица Живковиќ, Проф. ФФОЗС – Едукатор во ЦЕ

Проф. Др. Жикица Тасевски, Едукатор во ЦЕ – носител на ПРО

Проф. Др. Висар Ганиу, Едукатор во ЦЕ – носител на ПРО

Борче Христов, Едукатор во ЦЕ – носител на ПРО

Гордан Здравков, Едукатор во ЦЕ – носител на ПРО

Проф. Др. Ленче А. Величковска – Декан ФФОЗС – предавач ЦЕ

Проф. Др. Ванчо Поп Петровски – Проф. ФФОЗС – предавач ЦЕ

Др. Илија Стоилов – медицина и антидопинг

Марјан Ристевски – комесар за судии при ФФМ

Зоран Стратев – Технички директор ФФМ

Бојан Марковски – Координатор на ЦЕ/Грасрут менаџер ФФМ

Влатко Андоновски – Селектор на женската репрезентација на САДБорис Кубла – Директор на Хрватската едукативна академија и УЕФА инструктор 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови