Connect with us

Тиквеш и Скопје остануваат прволигаши

Тиквеш и Скопје и следната сезона ќе играат во Првата лига, а Воска и Беласица ќе чекаат шанса во единствената Втора лига.


Тиквеш со 4-1 ја совлада Воска Спорт покажувајќи доминација на баражот во Струмица.
Кавадарчани поведоа со погодокот на Едиз Спахиу во 12. минута, а шест минути подоцна Иван Ивановски зголеми на 2-0.

Изаир Емини пред одморот намали и ја врати надежта за Воска, но во 67. минута Благоја Љамчевски постигна атрактивен гол од слободен удар за 3-1. Потоа Спахиу стави точка на триумфот со погодокот во 74.минута.

Скопје ја победи Беласица со 2-1 во Штип. Филип Јаневски беше херој на триумфот на прволигашот. Тој обезбеди минимално водство во првиот дел, но Димитар Трајков усшеа да израмни на почетокот на вториот дел. Сепак, Јаневски со прекрасен гол од далечина успеа да му донесе нов прволигашки живот на својот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови