Connect with us

Милан доби англиска конкуренција за Џошуа Зиркзе

Напаѓачот на Болоња, Џошуа Зиркзе, се очекува да биде едно од „најжешките имиња“ на летниот трансфер пазар. Интересот за него се зголемува со секој изминат ден и не е ни чудо што ќе има наддавање за него во летниот преоден рок. Последните два клуба кои се наредија за неговиот потпис се Манчестер Јунајтед и Арсенал, тврди „Тутоспорт“.


Двата англиски гиганти се во потрага по нов напаѓач за следната сезона. „Црвените ѓаволи“ сакаат да доведат конкуренција за Расмус Хојлунд, додека „топчиите“ исто така сакаат да ја зајакнат својата напаѓачка моќ и го бараат вистинскиот играч. Излегува дека и двата клуба на око го имаат 22-годишниот Холанѓанец.

Зиркзе имаше одлични игри за Болоња оваа сезона. Тимот е на пат за пласман во топ 5 и пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а напаѓачот има 12 гола и седум асистенции на 34 натпревари во сите натпреварувања.

Досега се веруваше дека Милан е фаворит за потписот на Холанѓанецот, а околу него кружеше и Јувентус. Доколку англиските гиганти се вклучат во битката, сигурно ќе бидат чекор пред Италијанците поради нивните посериозни финансиски можности. Арсенал дури и излезе како фаворит за негов потпис поради фактот што ќе игра во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови