Connect with us

Наполи го пронајде наследникот на Виктор Осимен

Наполи веќе има предвидено замена за својата ѕвезда Виктор Осимен доколку Нигериецот и дефинитивно замине на лето. Веројатноста да се случи ова се зголемува откако тимот оваа сезона се претстави далеку под очекувањата и нема да може да се пласира во Лигата на шампионите, а би можел и целосно да биде изоставен од европските натпреварувања. Затоа клубот од „Диего Марадона“ сака да биде подготвен за нова опција и гледа кон голгетерот на Џирона, Артјом Довбик, тврди „Мундо Депортиво“.


26-годишниот Украинец стана клучна фигура во сензационалниот состав на Џирона оваа сезона. Тој беше донесен во клубот летото од Днипро за 7,75 милиони евра и се покажа како вистинска гол-машина, со 18 гола и пет асистенции на 30 натпревари во Ла Лига.

Во Наполи будно го следат развојот на Украинецот и планираат парите од евентуалната продажба на Осимен да ги искористат за да го земат во своите редови. Сепак, тие треба да бидат подготвени да потрошат прилично голема сума бидејќи Џирона нема лесно да го отпушти овој играч, особено затоа што ќе им биде потребен за настапот во Лигата на шампионите.

Во исто време, Наполи не е единствениот кандидат за Довбик. Во последните недели името на напаѓачот се поврзуваше и со Атлетико Мадрид и со Челси, иако и двата клуба засега не брзаат со можна понуда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови