Connect with us

Де Зерби: Во моментот Брајтон не може да им парира на најсилните тимови во Премиер-лигата

Менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, беше бесен по поразот од Манчестер Сити со 4-0. Тој призна дека во моментов неговиот тим не може да им се спротивстави на најсилните тимови во лигата и главна причина за тоа се кадровските проблеми и тоа што мора да се потпре на млади и неискусни играчи.


„Сити е еден од најсилните тимови во светот. Играа многу добро. Жал ми е за првите два гола, едноставно немавме среќа. На моменти преземавме иницијатива, но кога правиш грешки – примаш голови. Можеби треба да анализираме колку голови примивме и колку постигнавме кога ја вадиме топката од нашето поле“, изјави Де Зерби.

„Се обидовме да ја покажеме нашата ДНК, нашиот карактер и квалитети. Примивме четири гола на лош начин. Направивме грешки, но тоа е нормално со оглед дека тоа беше првиот натпревар на Валентин Барко во Премиер – лигата. Тој беше нашиот најдобар играч на теренот, но направи грешки за третиот и за четвртиот гол. Мораме да користиме млади играчи и мораме да го прифатиме тоа, лут сум што не можеме да се натпреваруваме со најдобрите тимови во лигата во моментов“, додаде стратегот на Брајтон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови