Connect with us

Словенците ја победија Португалија, Германците зедоа и холандски скалп (ВИДЕО)

Словенија стигна до изненадувачки триумф (2-0) против селекцијата на Португалија на пријателскиот меч во Љубљана. Кристијано Роналдо се врати во селекцијата на Португалија, па иако недостигаа Бернардо Силва, Бруно Фернандеш и уште неколку значајни имиња, сепак, триумфот на Словенците е на ранг на сензација.

Адам Гнезда во 72.минута и Тими Елсник во 80.минута беа стрелци за Словенија на овој дуел.

Германија после француски, успеа да земе и холандски скалп во подготовките за ЕВРО 2024. „Панцирите“ славеа со 2-1 против Холандија и се погрижија за дополнителна еуфорија, со оглед дека се домаќини на Европското првенство.

Џое Верман во четвртата минута ја доведе Холандија во водство, но израмни Максимилијан Мителштат во 11.минута, Победничкиот гол за Германија беше дело на Никлас Фулкруг во 85.минута.

Англија и Белгија одиграа 2-2. Јан Тилеманс беше двоен стрелец за Белгијците, а Иван Тони од пенал и Џуд Белингам во 95.минута погодија за гордиот Албион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови