Шкендија со триумф (4-1) над Академија Пандев ја прослави титулата во Тетово. Арбин Зејнулаи донесе водство во 26.минута, Енур Тотре зголеми на 2-0 во 51.минута, а само една минута подоцна Кристијан Иванов го намали резултатот. Но, Шкендија го потврди триумфот со голот на Стенио Жуниор во 67.минута. Во завршницата, Зејнулаи вторпат погоди за конечни 4-1.
Работнички славеше во Струмица против Беласица со 0-1. Сега „романтичарите“ се во пол позиција и за четвртото место кое можеби ќе води во Европа, а ќе решаваат во последното коло против Шкупи на домашен терен. Кристијан Ацковски беше стрелец на голот за Работнички, по одличниот продор и нафрлувањето на Себастијан Херера од левата страна.
Шкупи на Чаир ремизираше (2-2) против Ренова. Серџо јуниор во деветтата минута донесе водство за Шкупи, но Емран Рамадани направи целосен пресврт со два гола, во 52. и во 59.минута. Шкупи успеа да израмни со голот на Берат Устабаши во 60.минута од мечот. „Гипсарите“ цело полувреме играа со играч помалку поради исклучувањето на Влатко Стојановски во 44.минута.
Македонија ЃП го совлада Силекс со 2-0. Дејан Тантуровски во 30.минута и Христијан Кировски во 44.минута беа стрелци на головите за „лавовите“ на овој меч.
Вардар беше убедлив против Победа и славеше со 6-0. Јован Попзлатанов постигна три гола, а стрелаа и Дарко Мицевски, Бојан Колевски и Фелипе.
ПРВА ЛИГА, 35.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 4-1
ВАРДАР – ПОБЕДА 6-0
БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ 0-1
ШКУПИ – РЕНОВА 2-2
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 2-0
Табела: Шкендија 79, Вардар 63, Академија Пандев 57, Работнички 46, Шкупи 45, Ренова 44, Македонија ЃП 44, Силекс 41, Беласица 38, Победа 23.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski