Брегалница e нов прволигаш откако на доминантен начин маршираше низ Втората лига Исток и надмоќно го освои првото место. Шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски не го крие задоволството од пласманот во елитата, искажувајќи огромна честитки до фудбалерите, но и сите во клубот кои влијаеја и придонесоа за успесите низ актуелната сезона.
„Може да искажам отворени честитки за фудбалерите за победата денешна против Кожуф, за титулата во Втората лига и за пласманот во Првата лига. Но, треба да се честита и на администрацијата на клубот, стручниот штаб, менаџментот и сопственикот Кире Гогов, како и градот Штип, затоа што после четири години Брегалница се враќа таму каде што и е местото – во елитата на македонскиот фудбал“ – изјави Секуловски.
„Сините“ на повеќе од доминантен начин се пласираа во Првата лига, на две кола пред крајот, без ниту еден пораз досега со 21 победа и само четири ремија.
„Имаме феноменална сезона со 21 победа и четири ремија, без ниту еден пораз. Верувајте нема клуб во светот кој не посакува такви резултати. Затоа уште еднаш сакам да им честитам на фудбалерите, затоа што тие се најзаслужните за овој успех. Сега е момент малку да прославиме, но ние преостануваат уште два натпревари до крајот на сезона на кои мора да останеме фокусирани и да ги одиграме како и сите досегашни, а за прволигашките планови ќе размислуваме по крајот на сезоната“ – дополни Секуловски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski