Connect with us

Не е добро: Пораз од Црна Гора (0-1), но анемичноста боли повеќе од поразот (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Црна Гора со 0-1 во вториот пријателски натпревар што го одигра во Анталија. Со ремито против Молдавија (1-1), селекцијата на Благоја Милевски се враќа без триумф од оваа мини-турнеја во турскиот туристички центар.

Играта остава многу дилеми и грижи, можеби и повеќе од постигнатите резултати. Македонија беше анемична, без агресивност и конкретна завршница кон противничкиот гол и единствен кој веројатно задоволи на овој втор тест беше капитенот Енис Барди кој се обидуваше нешто да раздвижи во средниот ред и имаше неколку обиди од далечина, кои сепак беа неуспешни.

Не беше ништо подобра ниту Црна Гора, но искусниот Стеван Јоветиќ успеа да погоди во 45.минута со удар со глава, по корнерот од десната страна, и тоа беше доволно за втор триумф за селекцијата откако Роберт Просинечки е на кормилото.

Најдобрата шанса Македонија ја имаше преку Елиф Елмас во 13.минута, кога во соло пробив од левата страна си создаде простор за шут од 20 метри, но црногорскиот голман успеа да одбрани.

Потоа Енис Барди се обиде од слободен удар, но не беше прецизен, а потоа имаше и уште еден обид од 30 метри, но повторно непрецизно.

Црногорците ја искористија својата можност во последните мигови од првото полувреме и постигнаа гол, а потоа умешно ја чуваа предноста во второто полувреме.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови