Connect with us

Мбапе го одбрани Зидан од некултурниот Ле Грает, а легендата господски му „спушти“

Претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Грает, отвори скандал при кој откри дека и нема најдобра комуникација со Зинедин Зидан. Но, тој претера и со коментарите кон француската легенда, откако одлучи да ја продолжи соработката со Дидие Дешамп на селекторската функција на Франција.


„Немам ништо да кажам, нека оди каде што сака. Во клуб или во репрезентација, тоа не ме интересира ниту најмалку. Дали се обидел да ми се јави? Секако дека не, а и да ме побара јас не би му се јавил“ , истакна Ле Грает.


Ова предизвика огромна бура во фудбалската јавност во Франција, а веднаш одговори Килијан Мбапе на Твитер.


„Зидан е Франција, ние не покажуваме такво непочитување кон нашите легенди“, напиша Мбапе.
„Л’Екип“ се обиде да добие одговор од Зинедин Зидан, но доби само куса реакција од неговиот застапник.


„Нема потреба од било каков одговор, сѐ е така јасно“, е реакцијата која дојде од застапникот на Зидан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови