Connect with us

Марко Верати останува во ПСЖ и во новата сезона

Марко Верати останува во Пари Сен Жермен, иако имаше профитабилна понуда од Саудиска Арабија.


Француските медиуми откриваат дека Италијанецот разговарал со Луис Енрике и се согласил да остане на „Паркот на принцовите“.


Верати не играше на последниот подготвителен натпревар бидејќи се шпекулираше дека сака да замине во Саудиска Арабија, поради астрономската понуда на Ал-Хилал, но, сепак, се случи пресврт.


Верати ќе биде стартер во средниот ред и ќе биде интересно да го видиме во тандем со новото засилување Мануел Угарте, кој летово пристигна од Спортинг Лисабон за 60 милиони евра.


Се очекува со останувањето на Верати, сепак од ПСЖ да си замине Ренато Санчез кој преговара со Рома.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови