Connect with us

Киеза ќе потпише нов договор, но тоа значи дека Алегри ќе замине од клупата на Јувентус

Федерико Киеза одлучи да го продолжи договорот со „старата дама“. Актуелниот договор на италијанскиот репрезентативец со „бјанконерите“ истекува на крајот од сезоната 2024/25, а Јувентус размислуваше за можна продажба на играчот ова лето за да избегне заминување како слободен играч следното лето.


26-годишниот офанзивец е меѓу најважните играчи во тимот, но неговите чести повреди ги натераа челниците на клубот да бараат од него намалување на платата. Според неколку италијански изданија, Киеза се согласил на овој услов и ќе потпише со Јуве на уште една година – до летото 2026 година.

Медиумите од Апенините оваа одлука ја коментираат како победа на Киеза во „дуелот“ против тренерот Масимилијано Алегри, кој често беше критикуван за неговиот одбранбен пристап и неефикасната игра. Така играчот ќе има шанса да докаже дека заслужува поголема плата и долгорочен договор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови