Connect with us

Кевин Де Бруин најдобар асистент во Премиер – лигата

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, по четврти пат во кариерата ја освои наградата за асистент на годината во Премиер – лигата. Белгиецот ја заврши сезоната со 16 асистенции и како и секогаш имаше клучен придонес за третата последовна титула на својот тим.


Тој беше пред Леандро Тросар (Арсенал) и Мохамед Салах (Ливерпул), кои ја завршија сезоната со по 11 асистенции.

Де Бруин е првиот играч кој завршил како лидер на асистенциите во четири различни сезони во Премиер – лигата. Белгиецот е четврти на листата на најдобрите асистенти на сите времиња во Премиер лигата. Во април ја забележа својата 100. лигашка асистенција, подвиг што го направи на 237 натпревари. Така стана играч кој најбрзо стигнал до сто асистенции во англискиот шампионат.

Осум од 16-те асистенции на Де Бруин оваа сезона беа за Ерлинг Халанд, кој ја заврши сезоната со рекордни 36 гола и вчера ја доби „Златната копачка“, која му се доделува на најдобриот стрелец на сезоната во Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови