Connect with us

Холанѓаните убедливи против Шкотска, Унгарците подобри од Турција

Во дуелот на две репрезентации кои ќе бидат учесници на ЕВРО 2024, Холандија убедливо ја победи Шкотска со 4-0. „Лалињата“ беа ефикасни, што не може да се каже за фудбалерите на Шкотска кои пропуштија неколку убави шанси, а двапати ја погодија и гредата.

Рејндерс во 40.минута со прекрасен удар од далечина го отвори резултатот, а на 2-0 зголеми Џорџинио Вајналдум во 72.минута. Серијата ја продолжи Ваут Вегорст во 84.минута, а две минути подоцна погоди и Дониел Мален.

Унгарија беше подобра од Турција и славеше со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Доминик Шобошлаи во 48.минута од пенал.

Албанија загуби од Чиле со 0-3. Едуардо Варгас, Марко Боладос и Виктор Давила беа стрелци на головите за Чилеанците на овој меч.

Романија и Северна Ирска одиграа 1-1. Џејми Реид донесе водство за Северна Ирска во седмата минута, а израмни Денис Ман во 23.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови